На 03.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 29 мерки и тоа 12 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 17 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 4 други видови прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.