3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19 во Прилеп, а 8 пациенти се излекувани

 

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 8 пациенти се излекувани од оваа заразна болест.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Двајцата се негативни на КОВИД-19, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.

 

Во самоизолација се наоѓаат 228 лица. Во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци