4 нови случаи на заразени со корона вирус во Прилеп, 1 нов случај во Крушево

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на корона вирус во Прилеп. Со тоа вкупната бројка заболени од Ковид 19 во градот под марковиите Кули се искачи на 38.

 

Во моментов на инфективното одделение во прилепската болница се сместени 4 пациенти со средна клиничка слика. Вчера една повозрасна пациентка со влошена состојба била испратена на Инфективната клиника во Скопје.

 

Во изолација во прилепската болница има 3 лица, на двајца им е земен брис ии се чекаат резултати, а третиот пациент е во фаза на  обработка и него денеска ќе му биде земен брис.

 

1 нов случај на заразен со корона вирус денеска е регистриран и во Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци