4 октомври прогласен за Ден на жалост во Прилеп

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.


Како градоначалник, лекар, но пред се како човек, со огромна тага и со неверување ја примив веста, за сообраќајна несреќа која утринава се случи на патниот правец Прилеп-Битола , каде животот го загубија тројца наши сограѓани, врвен стручен лекарски тим, за кои сите ние вечно ќе жалиме. Тоа беа мои колеги, мои сограѓани со кои се сретнував низ работата и секојдневието. Тоа беа почитувани луѓе за кои се уште сум во неверување дека повеќе ги нема, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе.

Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол.

 

Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка! Поради трагичниот настан, Советот на Општина Прилеп вечерва одржа вонредна седница и донесе Одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.

Согласно одлуката утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост!

Утре се откажуваат сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот ќе бидат поставени на половина копје.

Општина Прилеп апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за утре, а угостителските објекти и локалните радиодифузери да ја прилагодат музиката според одлуката“, речеЈовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци