Во струшко, вчера на нива меѓу селата Франгово и Калишта, пронајдени се 138 гранати за рачен фрлач, 41 метален сандак со муниција со калибар 7,62 и 12,7 милиметри, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати и 760 парчиња куршуми со калибар 20 милиметри.
За настанот е известено Основното јавно обвинителство од Струга и Дирекцијата за заштита и спасување.
Оружјето е пронајдено по претходно собрани оперативни сознанија.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на истиот.
