Наши гости во ова издание на Инфо Регион се Диме Велески и Дарко Неданоски, двајца ентузијасти и вљубеници во природата кои пред 2 недели беа дел од организицијата за пошумување во околината на манастирот кај селото Селце, а повод за денешниот разговор со нив е тоа што веќе е најавена втора акција за пошумување на ова место.
Имено после објавата на прилогот за оваа акција на порталот Инфо Компас истата го привлекла вниманието на Љубен Митрески, кој живее во Скопје, но има прилепско потекло и тој се одлучил да донира 5.000 садници.
Акцијата ќе започне во недела во 10 часот, а дрвјата ќе се садат како и минатиот пат околу манастирот.
Со Велески и Неданоски поразговарме за тоа како ќе се одвива оваа акција, колку недостасува кај нас обновување на шумскиот фонд, но и за тоа дека институциите треба поажурно да работат на стопирање на дрвокрадството, кое од цела држава можеби е најактивно во Прилеп.
Затоа што џабе ќе бидат и 100 вакви акции ако шумата се кради со овој интензитет како што тоа се случува во моментов.
Велески и Неданоски истакнаа дека вакви акции имаат испланирано и за наредниот период, а донатори на садници веќе започнале да се јавуваат и од странство
Повеќе погледнете во интервјуто.