Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 502 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19. Казната за неносење маска во јавни затворени простории изнесува 20 евра.
