На 21.09.2020 во 17.25 часот на Регионалниот пат Прилеп-Битола, кај место викано „Џаферица“, мопед „томос апн6” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н. (66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.