76-годишна жена од Прилеп била измамена за сума од 380.000 денари

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.

Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант. Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми