Отворена изложбата „Моменти низ времето“ од Моника Десоска

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Синоќа  2 мај 2024,  во Ликовната галерија на ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата  „Моменти низ времето“ од Моника Десоска, која се претставува со 50 дела.

Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека Моника Десоска создала комплексни апстрактни интервенции со многубројни ликовни морфеми и автентичен сликарски јазик.

„Апстрактните колоритни композиции изработени во комбинирана техника пренесуваат богата емотивна содржина. Преку разните сликарски и колажни инструкции уметницата раскажува визуелно сложен наратив, вгнезден во средишноста на композицијата, применувајќи црно бели фотографски исечоци и алудирајќи на осамени спомени во заборавените мисловни лавиринти…Во раскошните асоцијативни апстракции Десоска открива тајни сеќавања и евоцира чувства, при тоа конструирајќи неповторлив автономен ликовен јазик со сложена симболика сочувана во спомените обоени со многубројни соништа и надежи“, рече на отворањето на изложбата Димеска.

На Моника Десоска во родниот Прилеп и е петта самостојна изложба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци