Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 13 до 19 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 88 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 3 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 275, на болничко лекување се наоѓаат 13 лица, од кои 11 се на кислородна поддршка, во домашни услови се лекуваат 262 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.909.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 446 лица.