„Уметност во простор“ – изложба од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денес од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.

„Апстрактната уметност не постои. Секогаш мора да започнеш од нешто. После можеш да ја отстраниш целата видливост, но не можеш целосно да се ослободиш од реалноста.“, Пабло Пикасо

Во изложбата „Уметност во простор“, авторките Катарина Деспот и Касиопеја Наумоска ја обработуваат темата на интимноста преку специфичен визуелен пристап, кој произлегува од внимателно „грабнување со поглед“ на моменти од секојдневната реалност. Преку суптилна обработка на емоциите и нивната визуелна интерпретација,  го изразуваат својот карактерен уметнички манир, обидувајќи се да ги доловат и сокриат истовремено.

„Интимниот ефект е постигнат преку свесен фокус врз предметната стварност, со што се гради простор исполнет со колоритна носталгија, која од една страна потсетува на плакатната уметност, а од друга страна отвора длабоки лични и емотивни слоеви преку фрагментирани еротиконски форми. Овие елементи функционираат како движечки принципи при конструирањето на интимизираната слика, каде вниманието на гледачот постојано се задржува на горниот ракурс.

Фрагментираните композиции и нивната колажна поставеност внесуваат динамика, брзина и силна женска енергија. Секое визуелно парче содржи синестетско проживување на моментот, каде линијата се трансформира во емоција, а формата во сеќавање. Авторкаите со тоа го истражуваат односот кон блиското, домашното, непомирливото и посакуваното, градејќи колаж од когнитивни распознавања и сензитивни рефлексии.

Површинскиот пријатен пастелен колорит, заедно со изненадувачките контрастни линии и материјали, создава моќен апликативен потенцијал што овозможува делата ќе бидат применливи – секаде каде што е можно нивното визуелно интегрирање.

На крајот, изложбата отвора прашања за времето – неговата брзина, недостаток и неможноста за негово фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметничка недореченост, со асоцијативна отвореност што ја поканува публиката на лично „допишување“ и интерпретација“, вели Бранче Трајкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци