Онлајн продажбата на билетите за МТФ „Чернодрински“ започнува денес, физичка од 1 јуни

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник (1 јуни). Електронската и физичката продажба на билети се ограничени на четири билета по лице за претстава.

За потребите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, билетарницата во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе работи од 10:00 – 14:00 и од 17:00 – 21:00 во периодот од 1 до 12 јуни.

Исто така, сакаме да ве известиме дека за дел од претставите што се на мала сцена или се играат на самата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе бидат пуштени само одреден број влезници во продажба.

Театар Комедија, кој беше селектиран со претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, одлучи да не учествува на фестивалот годинава.

Јубилејното издание на најстариот театарски фестивал во земјава ќе се реализира од 5 до 12 јуни на повеќе локации низ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци