Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година.
Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар.
Од друга страна, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.
Цената на мазутот е намалена за 3,238 денари по килограм.
Од полноќ, односно од 00:01 часот на 2 јуни, ќе важат следните максимални малопродажни цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 87,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 47,906 денари за килограм
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени во зависност од нивната деловна политика.