Министерството за финансии соопшти дека исплатени се 2.028.714.243 денари за произведен и предаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколтата 2025. година.
Корисници се земјоделските стопанства што го договориле и го продале производството во регистрирано откупно претпријатие, согласно законската рамка за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Според податоците, висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за I-I класа, 70 денари по килограм за I-II класа и 60 денари по килограм за I-III класа и II-I класа од ориенталните дополнителни тутуни, од типовите Прилеп и Јака.
Парите треба да ги примат 15.144 тутунопроизводители. Исплатата на субвенциите вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски.