Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари за литар во однос на претходно утврдените цени. Со новото поскапување, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 89,00 денари за литар.
Најголемото зголемување е забележано кај дизел горивото. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 денари за литар. По новата одлука на РКЕ, возачите ќе плаќаат 88,00 денари за литар дизел гориво.
Покрај горивата за транспорт, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука и за зголемување на цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Цената на ЕЛ-1 се зголемува за 4,50 денари за литар, со што новата малопродажна цена изнесува 86,00 денари за литар. Кај мазутот М-1 НС е забележано зголемување од 0,938 денари за килограм. Новата цена на овој енергенс изнесува 42,168 денари за килограм.