Од денес повторно се враќа редовната железничка линија Скопје – Битола и Битола – Скопје

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

По нешто повеќе од три недели повторно се враќа редовната линија Скопје – Битола и Битола – Скопје, откако Железници Инфраструктура ги заврши градежните работи во јужниот дел на државата, во близина на Прилеп.

„ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје.“, велат оттаму.

Во соопштението се прецизира и точниот возен ред, односно термините во кои граѓаните ќе можат да патуваат на релација меѓу главниот град и Битола.

„На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 (18.22) на 15.7.2026 година и 640 (03.10) на 16.7.2026 година.“

Железничкиот сообраќај беше во застој поради градежни работи во близина на Прилеп, но и поради градежни работи на потегот Скопје до Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“ кои започнаа на 22 минатиот месец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира