ВИДЕО- „Екологијада“: Културата во функција на заштитата на животната средина

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Кога културата ќе се стави во функција на заштитата на животната средина, тогаш бенефитот и импактот се двојни. Културните настани, како медиум за пренесување информации, на специфичен начин испраќаат пораки што силно допираат до сите генерации. Таква е и претставата „Екологијада“, во организација на здружението „Жар Преспа“ и Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, поддржана од Европската Унија. Претставата ја одиграа ученици од Општина Ресен, во зградата на локалната самоуправа.

„Значи, покрај учењето на текстот и на своите улоги, тие самите се проанализираа каде грешат и како треба да се поправат“, изјави Даринка Веслиевска, претседателка на здружението „Жар Преспа“.

Здружението „Жар Преспа“ е формирано во 2019 година и има организирано повеќе културни настани, но ова е првата претстава што е целосно посветена на екологијата.

„Преку театарот ние ја пренесуваме емоцијата до публиката, а преку таа емоција ќе се поправат и основните вредности на човекот. Мислиме дека даваме голема, значајна и важна порака до сите“, додаде Веслиевска.

„Зголемувањето на свеста преку збор е многу големо. Со многу, многу зборување и кажување, веќе почнува секоја месна заедница да се организира, да им биде чисто“, истакна Сотир Чаушевски, секретар на здружението „Жар Преспа“.

Децата со голема љубов и возбуда ја подготвувале претставата речиси еден месец.

„Преку оваа претстава им се дава надеж на сите луѓе да не ја загадуваат природата, бидејќи таа е единственото место каде што можеме да живееме“, рече Наум Андреевски, учесник во претставата.

„И ние многу се трудевме да покажеме како можеме да ја чуваме природата и да не фрламе ѓубре“, додаде Христина Секуловска, учесничка во претставата.

„Оваа претстава ја подготвувавме еден месец и убаво си поминував на пробите“, рече Лина Бумбаровска, учесничка во претставата.

„Секое дрво има своја душа и отпадоците не треба да се фрлаат насекаде, туку само во канта“, кажа Данаил Фузевски, учесник во претставата.

Младите од Преспа, пак, признаваат дека е потребно да се подигне свеста за почиста животна средина.

„Еколошката свест кај младите треба да се подобри, затоа што Преспа е значајно природно богатство за кое ние треба да се грижиме“, изјави Александра Фузевска, поранешна членка на „Жар Преспа“.

Младите од Преспа и понатаму, преку различни манифестации, ќе бидат гласот што ќе ја буди совеста и ќе допира до сите генерации, поттикнувајќи ги да се залагаат за почиста животна средина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци