Унгарија го истражува кредитот што Орбан ѝ го одобри на Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Унгарија го истражува заемот што претходната влада ѝ го одобри на Македонија преку државната банка EXIM Hungary под многу поволни услови, изјави денеска премиерот Петер Маѓар.

„Заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25%, при што целосниот ризик бил покриен со 100-процентна државна гаранција, е една од четирите трансакции на EXIM Hungary што сега се предмет на проверка“, изјави Маѓар на брифинг, а веста ја споделија повеќе унгарски медиуми.

Тој истакна дека ова е многу поповолно од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат кредити, но и од каматната стапка по која унгарската држава зема кредити.

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Заемот, според Маѓар, ќе го чини унгарскиот буџет 90 милијарди форинти (околу 248 милиони евра) поради каматните разлики, а целиот ризик од заемот го покрива унгарската држава. Унгарскиот премиер оцени дека владата на неговиот претходник Виктор Орбан, наместо да ги поддржува унгарските бизниси, дала преференцијален заем од неколку стотици милијарди форинти од јавни средства на Македонија, иако земјава била класифицирана како ризична, во финансиска смисла.

Маѓар рече дека договорот за заемот бил направен под велот на голема тајност. Ова рече го покажува фактот што унгарската јавност била информирана за втората транша од заем од 500 милиони евра од македонскиот премиер Христијан Мицкоски, пред тоа да го соопшти владата на Орбан, која ги обезбедила парите.

Според унгарскиот премиер, постои можност владата на Орбан средствата наменети за поддршка на унгарските компании да ги искористила за зацврстување на политичката моќ на странски сојузник, а можеби и за да им обезбеди корист на блиски компании.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира