ВИДЕО- Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Огромна огнена стихија го проголтува Мариово. Пред два дена изгореа 15-тина куќи, штали и други помали објекти во селото Чаниште, а сега огнот се наближува до селото Крушевица. Екипи на ТППЕ Прилеп, ДЗС, доброволците од друштвото „Арганхел“ од Битола, од Виница и други градови, цела вечер се бореа стихијата да не навлезе и во ова мариовско село. На терен се и 4 пинцгауери, а се гаси и од воздух со хеликоптер, ер тракторите се уште не се стартувани до овој момент. Линијата на фронтот е над 20 километри, поделена во два крака.

Овој крак верувам дека ќе го изгаснеме, има 3 манастири и истите се обезбедени делумно со контролиран оган, со правење на пресеки и не постои опасност по овие 3 манастири кои што се наоѓаат тука. Рано утрово дојде полициски хеликоптер, повторно наместивме монтажен базен за вода од кој хеликоптерот ќе полни вода, но тешка е употреба на хеликоптер на ова место бидејќи на некои места тој со перките го распалува и иако фрла вода, ефектот е обратен и затоа веќе нема да го користам овде хеликоптерот. Ер тракторите ќе почнат со дејство набргу откако хеликоптерот ќе се тргне“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Овој пожар во Мариово е најголемиот пожар оваа сезона во Македонија. Ситуацијата се менува од минута во минута поради силниот ветар. Опасноста за сите и за жителите и за оние кои го гасат огнот е огромна.

Ветрот кој еве сега дувна, погледнете, не принудува да се повлекуваме, за неколку секунди се се смени, од една релативно мирна атмосфера во овој без наплив на оган и ќе мора да дејствуваме странично“, додаде Ангелов.

Во моментов во Македонија активни пожари се три пожари. Овој во Мариово, во Општина Студеничани, како и во Општина Македонски Брод кај селата Видуш, Драгов Дол и Локвица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци