ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
На крајот на месец јули во долненското село Пешталево е регистриран пациент со симптоми на западно-нилска треска, но после епидемиолошкото истражување веднаш се утврдило дека пациентот е жител на Скопје кој во долненско пристигнал една недела пред појава на симптомите, истакна денеска за Инфо Компас, Татјана Станимировиќ, епидемиолог во Центар за јавно здравје Прилеп.
„Со оглед на тоа дека инкубацијата на ова заболување трае од 3 до 14 дена најверојатно инфекцијата е настаната во Скопје. Ниту кај нас, ниту во долненска општина, не се регистрирани други случаи на западнонилска треска и после овој првичен случај. Така што претпоставка наша е дека инфекцијата е настаната таму“, вели Станимировиќ.
После утврдувањето на овој случај веднаш е извршена дополнителна дезинсекција во селото Пешталево.
„Уште дента кога го правевме ова епидемиолошко истражување, ние истиот ден направивме и дезинсекција во Пешталево на местата каде сметавме дека се собираат повеќе комарци, а инаку таму е правена и редовна дезинсекција и ларвицидна и адулцитидна, во два наврати“, додаде Станимировиќ.