СДСМ Прилеп: Нов скандал на прилепските локални власти – партиски прес на ДПМНЕ од зградата на општина Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Безобразлукот на прилепската локална власт предводена од ДПМНЕ, ги надминува сите граници на пристојното политичко и човечко однесување. После минатонеделниот недостоинствен и срамен однос на Градоначалникот Дејан Проданоски кој од говорницата на салата на општинскиот Совет со уличарски речник ги вреѓаше опозициските советници, денеска пошироката јавност беше сведок на нов скандал во режија на ДПМНЕ и нивните сателити, велат во реакцијата од ОО на СДСМ Прилеп по денешната прес конференција на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, за прв пат во историјата на Прилеп, општинската зграда беше бесрамно злоупотребена и партизирана од страна на советниците од владејачкото мнозинство, кои во „Зелената сала“ на Општина Прилеп одржаа партиска прес-конференција.

На непримерната и досега невидена партизација на зградата на Општина Прилеп, се надоврза нова злоупотреба на општинските ресурси во вид на објавување на партиската прес-конференцијата на фејсбук страната на Општина Прилеп.

Во една ваква ситуација, во јавноста се наметнуваат неколку логични прашања на кои локалната власт мора да даде одговори:

  • Дали советниците од ДПМНЕ и нивните приврзоци знаат што е јавен а што партиски интерес?
  • Дали прават разлика меѓу јавен и партиски ресурс?
  • Кој го одобрил користењето на општинската сала за партиски настан?
  • Дали Градоначалникот Проданоски дал „зелено светло“ за користење на „Зелената сала“ на Општина Прилеп?
  • Кој го снимил и подготвил материјалот?
  • Кој го објавил на официјалните канали на Општина Прилеп?

Општинската зграда е сопственост на сите граѓани, не на партиски или било какви други субјекти. Зградата на Општина Прилеп, вработените во општинската администрација и официјалните комуникациски канали не смеат да бидат продолжена рака на ниту една политичка партија. Градоначалниче Проданоски, Општината не е партиски штаб на ДПМНЕ!

Мандатот го добивте за да работите во интерес на сите граѓани, а не да бидете слеп извршител на политиките на вашата партија. Јавноста очекува итно расчистување на скандалот, утврдување и именување на виновниците и изрекување на санкции за секој од нив“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци