Претставата „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов, на театарот „Војдан Чернодрински“ на 26 август од 20.00 часот ќе биде изведена во Кривогаштани, на отворено, во дворот на училиштето, во рамките на Културно спортското лето Кривогаштани.
Жителите на општината ќе имаат можност да присуствуваат на изведбата на претставата ( првпат на отворено), во која се говори за асимилација на ликовите и топонимите, а дејствието се пренесува во современ и модерен Прилеп од иднината или подобро кажано, Прилеп од паралелен универзум.
Воедно посетителите ќе можат да се насмеат затоа што има заплет, и претставата е за ведрата страна на животот.
Играат Димитар Ѓоргиевски, Илија Волчески, Јасмина Мицовска – Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански и Лора Штарго.