ВИДЕО- Фокус бил автопатот Прилеп-Битола, но нема конкретен одговор за санација на Плетвар каде има две ленти

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Ние сме фокусирани на завршување на автопатската делница која треба да ги поврзе Прилеп со Битола. Очекувам следната година веќе првите 10 до 12 километри во двонасочен сообраќај да бидат пуштени. Нашиот фокус е целосно натаму. Очекувам во рокот да биде целосно завршена оваа делница. Се планира обиколницата околу Битола и поврзување со граничниот премин Меџитлија, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира реконструкција на патот Прилеп преку Плетвар каде што има 2 ленти, кој во моментов се наоѓа во катастрофална состојба. Ова е и барање на бизнис заедницата од Прилеп и Битола, но конкретен одговор немаше.

Исто така преговараме со изведувачот на работите на коридорот 10Д, генерално она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото каде завршува експресниот пат со автопатската делница која во моментот се гради. Така што тоа е наш приоритет.

Инаку, апсолутно јавното претпријатие за државни патишта во рамките на своите можности и капацитети ги санира сите оние делници во кои е констатиран проблем. Јас ги повикувам сите оние кои ја користат делницата да се користи оваа делница од експресниот пат која е пуштена и која практично ги поврзува условно кажано Прилеп и Градско. Но она кое останува фокус и приоритет на Владата, кажав што е во периодот што следи“, кажа Мицскоки. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци