Министерството за економија и труд има распишано два јавни повици со цел подобрување на квалитетот на работењето и конкуретноста на фирмите, посебно на производните капацитети. Првиот повик се однесува на продлабочување на соработката помеѓу производствените капацитети и универзитетите.
„Преку овој јавен повик се овозможува подобрување на технологијата и технолошките процеси во фирмите за одредени иновативни методи во воведувањето на циркуларната економија, дигитализацијата, паметната специјализација. Овој повик е во вредност од 5 милиони денари. Може да учествуваат сите преработувачки капацитети заедно со универзитетите и вредноста која би ја добиле е до 500.000 денари, а 70 проценти од трошоците ги покрива министерството за економија и труд“, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.
Вториот пај јавен се однесува на домашните компании со цел имплементирање и стандардизирање на општествените процеси во компаниите и подобрување на нивната конкурентност.
„Вкупната вредност на овој втор повик е 2 милиона денари. Компаниите најмногу може да добијат до 200 000 денари, аминистерството за економија и труд покрива 70 проценти од трошоците во тековната година“, изјави Ристески.
Повиците траат до понеделник а интерес бил доста голем, бидејќи секоја компанија сака да го унапредува своето производство.
„Тоа индиректно значи, не само подобрување на економската состојба, туку и нови капацитети, отворање на нови работни места, што е приоритет на Владата и на министерството за економија и труд“, кажа Ристески.
Според Ристески преку ваквите мерки денес имало зголемување на индустриското производство, на инвестициите во домашните компании, нови странски инвестиции и нови капацитети.