ВИДЕО- М.Брод ќе субвенционира 50% од сумата за возачки за средношколците кои ќе се запишат во СОУ „Свети Наум Охридски“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Македонски Брод ќе субвенционира 50% од висината на сумата за полагање за возачки дозволи за сите средношколци кои ќе се запишат во средното училиште во овој град СОУ „Свети Наум Охридски“. Субвенции ќе добијат сите запишани ученици во ова училиште без разлика дали живеат во М. Брод или во друг град или друго населено место. Оваа субвенција е една од мерките со кои општината сака да привлече повеќе ученици да се запишуваат тука, но и да им се помогне на семејствата кои имаат средношколци.

Моментално имаме издадено околу 20 решенија за користење на оваа субвенција, но повикот е отворен, така да сите кои се пријавуваат врз основа на условите кои ги исполнуваат ги остваруваат правата. Моментално имаме 20 решенија, очекуваме уште 20-тина во текот на оваа година да има“, кажа Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

Општината дава и по 5.000 денари за секој средношколец кој ќе се запише во СОУ „Свети Наум Охридски“.

Овие бенефиции ги добиваат сите жители и жителите на другите општини кои се запишани во нашето средно општинско училиште во Македонски Брод. Моментално бројот на ученици е пораснат на околу 140 ученици. Во нашето средно училиште продолжи да функционира струката туристички техничар за рурален туризам, каде успеваме со развојот на руралниот туризам, образованието да го прати бизнис секторот, така да тука имаме дополнителен прилив на ученици во атрактивната туристичка струка“, рече Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

Моментално СОУ „Свети Наум Охридски“ има околу 140 ученици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци