ВИДЕО- Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор ѕверски уби 18 мина

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Прилеп одбележа 84 години од Дабничкиот масакр кога на 19 септември 1942 беа ѕверски убиени 18 лица. Ова е едно од најголемите злосторства кои бугарскиот фашистички окупатор ги направил тука за време на НОБ. Бугарите биле лути на тоа што тогаш претходно се формирал партизанскиот одред „Димитар Влахов“, а селото Дабнница било партизанска база. На 14 септември поради тоа се убиени други 10 мина партизани на битката кај Мукос од овој одред, а голем дел од дабничани се уапсени и однесени во прилепската касарна.

Сакам од воде да порачам, да ги негуваме традициите од НОБ, да ги почитуваме борците, да ги почитуваме оние кои ги дале своите животи и се вградиле во слободата на Република Македонија, во државноста на Македонија, изјави Рубен Белчески, претседател на Сојуз на борци на Македонија.

 

Да не останат во заборав имињата и презимињата на овде загинатите, да не останат во заборав нивните дела, нивните желби, нивните идеи за слобода. Да не остане во заборав селото Дабница“, додаде Киро Бешироски, претседател на здружение „Партизанска Дабница 1942“.

 

Оддадовме почит достојно, онака како што доликува за овие луѓе, за овие херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија. Овој трагичен настан треба да биде поттик за сите современици да си ја чуваме, да ја градиме и да ја сакаме Македонија“, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 Но за жал денес овој простор скоро 365 дена во текот на годината е огромна дива депонија. Несовесните граѓани тука фрлаат отпад 24/7, а ова е и местото од каде започнувата поголемиот дел од пожарите во Прилеп бидејќи тука одредени граѓани топат кабли поради бакарот. Иако Комуналец 4-5 годишно ја чисти депонијата ѓубрето се фрла одново. Најверојатно потребни се поголеми казни, редовни инспекции и полициски контроли кои сега ги нема.

Ги повикувам сите оние фактори да направат нешто повеќе за самиот споменик, но и за сите споменици и спомен обележја кои се наоѓаат на територијата на Македонија, бидејќи без нив немаме историја. Тие се сведоштво за сѐ она што Прилеп направил, а направил многу“, додаде Рубен Белчески, претседател на Сојуз на борци на Македонија.

Овој споменик тука е поставен 2019, откако стариот беше искршен за да се продаде како старо железо. Но и новиот споменик несовесните граѓани започнале да го уништуваат.


,

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци