ВИДЕО- 50% од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Цената на пиперките годинава не ги задоволи очекувањата на земјоделците. Таа на големо во откупните центри за прва класа се движеше околу 15 до 20 денари, а додека на мало по пазарите или донесена на куќен праг се продава од 40 до 50 денари. Според дел од земјоделците пиперката во некои откупи сега за прва класа се плаќала и по 30 до 35 денари, а мешана втора и прва класа за 10-тина денари помалку, но голем дел од  пиперките претходно скапале по нивите поради немањето побарувачка.

Таа што беше хибридната заврши, скапа по нивите. Земјоделците си го “однесоа“, стаса порано, жештини големи во август месец започна откупот, веќе покачена е и цената на откупните, мислам дека е 35 денари, затоа и овде има недостаток, како што гледате на пазарот нема доволно капија“, вели еден производител на пиперки.

 

Пиперката 50% е скапана веќе, досега немаше откуп, сега има малку откуп, но 50% е скапа, сега нешто што ќе остане, тоа ќе продаваме“, додаде друг производител на пиперки.

Грашаните поделени околу тоа колку денес се прави зимница. Дел ја продолжуваат традицијата, а дел пак си купуваат по некоја тегла од оние кои прават домашен ајвар или пак се набавуваат од маркетите. Но сепак правењето и конзумацијата на ајварот останува составен дел од нашата исхрана.

Не прават, готов ајвар си купуваат од продавниците, поевтин им иде, отколку да пече, да прави ајвар од пиперката, сигурно им иде поскап“, рече трет производител на пиперки.

 

Порано правевме ајвари, се сме правеле, лутици, секакви работи, и слатки и благи. Сега ништо, сега двајца луѓе сме, децата ми се странство и готово, нема кој да јаде“, вели една прилепчанка.

 

Јас правам секоја година, но и порачуваат, нема проблем, кој како сака. И друго, слатка, џемови, јас секогаш правам се“, додаде друга прилечанка која пазареше на пазарот.

Земјоделците се надеваат дека барем она што сега преостанува да се продаде ќе биде со цена која за нив ќе биде економски исплатлива, но и задоволителна за заработка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци