Да помогнеме! – Виктор се бори за живот – во моментов со брза помош патува кон Истанбул!

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Поради местото каде е туморот и поради радиотерапијата која помина многу тешко, состојбата на Виктор стана уште посложена. Се појави хидроцефалус, поради кој има и напади, а итно треба да му се постави шант. Бидејќи во Скопје никој сериозно не обрна внимание на неговата состојба, моравме итно да го пренасочиме Виктор од Скопје во Истанбул.

„Во моментот тој патува со брза помош кон Истанбул, а јас останав сама со нашето бебе во страв и неизвесност. Не знам што ќе биде натаму, но знам дека тука немаше кој да му помогне, а секој изгубен час можеше да значи уште потешка состојба за него.

Ве молам, помогнете ни!

Донирајте колку што можете трошоците за итниот транспорт и лекувањето во Истанбул се огромни, а јас сама не можам да ги покријам. Ако не можете финансиски, споделете ја неговата приказна, за да стигне до некого што може да помогне“, вели неговата сопруга.

За да донирате кликнете ТУКА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци