Во Прилеп „Вечер на фолклор за деца и млади – Играме заедно“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 17 -ти Октомври 2026г. во сабота, од 19.00 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи Вечер на фолклор за деца и млади „Играме заедно“.

Домаќин на вечерта, која е под мотото „Убавината на различностите“ е  КУД „Моминок“ кое твори и работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“.

Освен КУД „Моминок“ на вечерта ќе се претстават:

  • КУД „Младост“ од Кичево,
  • КУД„Илинден“ од Кривогаштани
  • ФГ „Вапцаров“ при ЦК од Делчево
  • КУД „Лазарица“ од Станари, БИХ, и
  • КУД „Охриѓанка“ од Охрид.

Манифестацијата за првпат се реализира, а во иднина се планира да прерасне во фестивал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци