Денеска во Прилеп започна 17-тото издание на манифестацијата „Медот и пчелните производи – инвестиција во вашето здравје!“, која се одржува на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.
На едно место, пчеларите од Прилеп и од регионот ги претставуваат своите производи – мед, матичен млеч, полен, прополис и различни комбинации од мед и овошје.
Оваа манифестација е одлична можност да се поддржи домашното производство и трудот на нашите пчелари, но и да се запознаеме со квалитетните производи што ги создаваат.
Манифестацијата „Медот и пчелните производи“ е дел од богатата програма со настани и одбележувања посветени на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.



