Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за циркуларна економија

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание со кое меѓународното жири ја избра Општина Прилеп за најуспешна во оваа категорија на ниво на Западен Балкан, на настанот кој денеска се одржа во Приштина, Косово.

„Ова е потврда дека промените што ги правиме во нашиот град се движат во вистинска насока. Дека одговорноста кон животната средина, создавањето нови навики и вложувањето во современи решенија даваат резултати што се препознаваат и надвор од границите на нашата земја. 49% од граѓаните веќе селектираат отпад од пакување во своите домови! Тоа се илјадници домаќинства, илјадници лични одлуки и еден град што чекори кон почиста и поодржлива иднина. Продолжуваме да работиме на современа инфраструктура за секундарна селекција на отпад, со капацитет до 10 тони на час. Го развиваме системот за одговорно собирање и раздвојување на различни категории отпад. Подготвуваме нови решенија за компостирање и третман на градежниот шут. Работиме на рекултивација на постојната депонија и на намалување на количините отпад што ќе завршуваат на депонирање“, истакна Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Проданоски рече дека Прилеп продолжува да ја развива циркуларната економија, затоа што отпадот не мора да биде крај на еден процес, туку почеток на нова вредност.

„Кога вакво меѓународно признание ќе дојде пред да ги завршиме сите работи што ги планираме, тоа не е сигнал да забавиме. Тоа е обврска да го оправдаме признанието со следни значајни резултати. Ова е пораката од денешниот настан во Приштина што ја носиме дома. Порака дека признанието е мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно, уште поодговорно и со уште поголема амбиција. Благодарност до меѓународното жири и организаторите на Circular Economy Awards, до Министерството за животна средина и просторно планирање, до SALAR International, особено до ЈКП „Комуналец“, како и до сите партнери и институции што го поддржуваат овој процес, а најмногу до граѓаните на Прилеп кои се дел од промената“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци