Со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија, на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп се поставени нови столчиња на малата трибина, со што се подобруваат условите за сите љубители на фудбалот.
„Упатувам искрена благодарност до претседателот Масар Омерагиќ и потпретседателот Марјан Стојкоски од Фудбалската федерација на Македонија, за поддршката и соработката, кои се значаен придонес за унапредување на спортската инфраструктура во нашиот град.
Ваквата соработка очекувам да продолжи и во иднина, со цел комплетирање на целиот стадион и лик каков што заслужува нашиот фудбалски храм.
Продолжуваме да вложуваме во спортот и во создавањето подобри услови за спортување и рекреација. Покрај подобрувањето на инфраструктурата на Градскиот стадион, работиме и на изградба на нови детски игралишта и уредување на простори за спорт и забава, особено за нашите најмлади.
Инвестираме во спортска инфраструктура, ги поддржуваме спортските клубови и создаваме подобри услови за новите генерации“, рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.