ВИДЕО- Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Пензионери од повеќе градови на Македонија денеска одржаа мирен собир во Прилеп барајќи линеарно покачување на пензиите за сите пензионери. Велат дека секој оној кој што плаќал поголеми придонеси или имал подолг стаж разликата ја има во основицата на пензијата, а по заминувањето во пензија и хигиеничарите и лекарите биле еднакви и исти пред законот, затоа тврдат дека ова нивно барање било и правно издржано.

„Некои изјавуваат како линеарно, јас учев, јас сум доктор на науки, јас магистар, јас имам долго работено… сите тие работи се вреднувани во решението во основицата и кога ќе го добиеме решението, никој “денар скршен“ не вложува во пензискиот фонд за да се земат процентуално. Затоа ние викаме дека процентуалното зголемување е назаконско“, изјави Кирил Јосифоски, претседател на Иницијативниот одбор од Охрид и Дебрца.

 

„Тоа е, го кажа и премиерот и министерката за финансии, една милијарда евра годишно. Кога ќе ги поделите на 12 месеци тоа се 62 милијарди денари, односно 5 милијарди денари месечно. Ние бараме тие 5 милијарди, кога ќе ги поделите на 3% се 1.500 денари, значи 1.500 денари за сите нас пензионери е покачен животниот трошок“, кажа Трајче Станојков, претседател на Иницијативниот одбор од Свети Николе.

Велат дека правдањето на Владата дека тоа не го дозволувал Уставниот суд не држело место затоа што ова се решавало со донесување на нов закон.

„Никаде не пишува дека Уставен суд донел заклучок дека Законот е неуставен, значи требаше пак отпочеток да почне, Влада, па премиер, па парламентарци и да го донесат Законот, да дигнат рака, а тие се плашат како политички партии да гласаат. Треба повторно да се гласа“, додаде Митев Трајче, претседател на Иницијативниот одбор од Штип.

Пензионерите велат и дека не признаваат правдање дека државата немала пари, затоа што според нив во моментов се вршел голем грабеж на народните пари.

„Викаат пак нема пари, господа 2-3 примери ќе ви наведам, каде одат парите. Никој од политичките партии не кажал каде одат парите, јас ќе би кажам, одат по тендерите. Тендерите се научен труд преточен во Закон за уништување на државата и создавање на капиталисти, ама не капиталисти како оние од западот, туку покварен капитализам“, потенцираше Кирил Јосифоски, претседател на Иницијативниот одбор од Охрид и Дебрца.

Пензионерите побара и оставка од Станка Трајкова, претседател на Сојузот на пензионери бидејќи не ги застапувала воопшто барањата на пензионерите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци