Водовод: Прилеп има проблеми со водоснабдувањето поради непланирани технички проблеми

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Од ЈКП Водовод и Канализација Прилеп информираат дека делови од Прилеп немаат доволен притисок поради непланирани технички проблеми. За каков вид на проблеми станува збор, каде се лоцирани проблемите и поради што настанале, засега нема информација. Се очекувало да бидат решени до вечер.

„Ве известуваме дека поради непланирани технички проблеми, притисокот во мрежата во одредени делови  во градот ќе биде намален. Нашите стручни екипи работат на санација на истите и очекуваме дека во вечерните часови ќе дојде до нормализирање на состојбата. Се замолуваат граѓаните за разбирање и апелираме за рационално користење на водата за пиење“, велат во штурото соопштение од ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци