ВИДЕО- Прилепчани се плашат за своите пари – гужви пред Алта банка

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Прилепчани исплашени за своите пари од утринава во големи редици застанаа пред Алта банка во Прилеп. Велат дека банката е затворена работи само банкоматот. Се плашат за своите пари дека целосно ќе ги изгубат.
„Колку време чекаш тука и што се случува во банкава?

Од 8 часот сум дојден овде, заклучена е, само од банкомат пуштаат пари по 10.000, тоа е. Јас имам околу 8.000 евра овде внатре, не можам да ги земам.

Се плашиш за своите пари?

Се плашам, плус моето дете е со посебни потреби, од нега ми се и не можам да ги извадам.

Што мислиш за целата оваа ситуација со Алта банка?

Не знам ништо, не знам што се работи, имаме некоја надеш, но дали ќе биде како што кажува гувернерот…“, вели еден граѓанин.

 

„Пензијата не можам да си ја земам, ми ја зедоа пензијата, негата ми ја зедоа, тоа… што да кажам друго. Треба да живееме со бабата, двајца сме, од тоа живееме, од пензијата, од негата, тоа направија банките.

Сега како?

Сега никако, ќе имираме за јадење. Од пензијата живеам, лекови треба да купам, треба да платам вода, ѓубре, телевизија, сѐ треба да платам, од каде да платам, ќе ми исклучат сѐ“, додаде друг граѓанин.

 

„Што се случува, преку ноќ и ги зедоа парите, не можеме ни пари да извадиме, ни пензии да земиме. Не нѐ прашуваат дали имаме борчеви, дали треба да си купиме лекови, дали треба да преживееме. Ја затворија банкава преку ноќ и останавме без пари.

Сега банката не работи, само банкоматот?

Не работи, во банкава нема ни кој да прашаш, ни кој да ти каже нешто. Останавме слепи“, изјави трет граѓанин.

 

„Успеавте ли да извадите средства?

Да, успеавме.

И колку дава?

Јас 6.000 еве извадов.

Што мислите за целата ситуација?

Многу лошо некако“, потенцираше друг граѓанин.

 

„Ситуацијата, дојдов денес да ја извадам пензијата од татко ми и гледам дека е заклучено. Што се случува не знам.

Банката не функционира?

Банката не работи, како што гледате заклучена е, од банкомат луѓево вадат.

Став твој за целава ситуација со банката што се случи?

Не знам што се случи, за ситуацијата во Србија, овде, не знам.

Страв ли ви е за вашите пари?

Нормално, татко ми дома што ќе прави, пензионер 85 години, на тие пари се надева“, додаде друг кој чекаше пред Алта Банка Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци