Кривична за тројца прилепчани за тешка кражба во Битола

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.В.(37), Н.Х.(30) и З.Д.(36), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека на 02.11.2026 околу 11:30 часот извршиле „тешка кражба“ во стан на ул.„Карпош“ во Битола, сопственост на С.В.(49) од Битола, при што одзеле повеќе парчиња сребрен и друг накит.

По преземени мерки и активности, И.В. и Н.Х. се пронајдени и лишени од слобода и се преземаат мерки за пронаоѓање на З.Д..

СВР Битола, во координација со Единицата за насилен криминалитет при БЈБ преземаат мерки за откривање и расчистување на други вакви кривични дела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци