Од утре почнува со работа шалтер за исплата на средства во Алта Банка во Битола – за другите градови сеуште нема одлука

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Oд 5 ноември 2026 година (четврток), во главната филијала на АЛТА банка АД Битола, на ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола, ќе започне исплата на готовина за клиентите кои имаат платежни сметки во Банката, но немаат платежни картички, особено за пензионерите и примателите на социјална помош, соопштија денес од банката.

За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери, а од 6 ноември, вклучително и во сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се овозможи навремена услуга за што поголем број клиенти.

Согласно утврдените мерки, клиентите ќе можат да подигнат до 20.000 денари во период од две недели.

Исплатата ќе се одвива според однапред утврден распоред, за кој клиентите ќе бидат известени преку СМС-порака со точниот ден и час за посета на филијалата.

„Ги замолуваме клиентите да се придржуваат до добиените термини, со цел да се избегнат непотребни гужви и подолго чекање. За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за исплата на готовина, без можност за вршење други банкарски трансакции.

Во тек се подготовки за овозможување исплата и во други градови низ земјата, за што дополнително и навремено ќе ги известиме клиентите“, велат од Алта Банка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци