Почина најголемиот фудбалски голгетер на ФК Победа, Ристо Глигоровски. Роден е во Охрид 1950 година, а кариерата ја започнува во ФК „Металец“ од овој град. Потоа игра за ФК Македонија во Скопје, ФК Караорман од Струга, а во 1969 година дебитира за тогаш второлигашот „Победа“ од Прилеп.
Неговата фантастична игра ја забележуваат и Партизан и Ѕвезда во тоа време, во 1978 година тој пристапува во ФК „Вардар“ од Скопје, а потоа по извесен период повторно се враќа во Победа.
Глировски засекогаш ќе остане како легенда на прилепскиот фудбал чија игра и голови го полнеа стадионот „Гоце Делчев“.

Ристо Глигороски и Благоја Китановски (Пелистер)

1975 година
ФК „Победа“
Живко Ѓорѓиоски, Тоде Тодороски, Гоце Манески, Јове Магдески, Ристо Глигороски, Стевчо Ангелов, Ванчо Дрвошанов, Перо Трајкоски, Иван Мечев, Благој Митев и Методија Цветкоски

1970 година
Воислав Бадрлица, Александар Трајков, Ристо Глигороски,Живко Ѓорѓиоски и Јордан Митрев

Гоце Манески и Ристо Глигороски во акција.

1970 година
Ристо Глигороски