ВИДЕО- Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површните за есенската сеидба

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Катастрофално ниската откупна цена на пченицата од само 10 денари за килограм ја намали есенската сеидба во Македонија на оваа култура за 15 до 20% за разлика од лани. Наместо Македонија да се стреми сама да ги произведува потребите за храна, ние стануваме се повеќе увозно зависна земја. Земјоделците велат дека Министерството за земјоделство нема засега никаква стратегија за еден ваков стратешки производ како пченицата.

„Со предадена пченица од 10 денари ние како земјоделци не можеме да се покриеме никако како земјоелци, стиумулацијата која што ја добиваме од страна на државата не е доволна за да ние размислуваме да го зголемиме нашето производство. Разликата во краен случај од откупната цена, ако е ниска, до онаа која што треба да биде реална цена треба државата сама нас да ни ги понуди тие средтсва за да ние имаме и понатаму стимул да ја садиме оваа култура“, рече Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци на Македонија.

И од подрачното министерство за земјоделство и од Агенцијата за поддршка на земјоделството признаваат дека намалувањето на површините се должи пред се на крајно ниската откупна цена која ако продолжи може да доведе до големи последици во овој сектор.

„Цена која што не е стимулативна и која се надевам дека нема да се повтори уште една година, за да не дојдиме до ситуација да немаме доволно жито, за да производителите не се откажат од таа култура што е сериозно промашување. Апелирам до сите откупувачи да внимаат, затоа што тоа е сериозна планирана инвестиција која што мора да ја имаме во државата заради потребите од храна да не зависиме од увоз“, истакна Горан Томески, Агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

 

„Според неофицијално податоци што ги имаме од претходни пријавени површини за субвенции во 2025 година, 5.300 хектари од кои 4.200 се на пченицата, јачмен 900 хектари и рж 20 хектари. Но сега за пченицата се очекува помал процент на засејување, можеби од 5 до 10%, но конкретно ништо не можеме да кажеме бидејќи моментално есенската сеидба е во тек“, кажа Катерина Мојсоска, подрачно министерство за земјоделство Прилеп.

Есенската сеидба се уште е во тек, а колку точно ќе бидат намалени количините ќе се знае идната година. Но ако продолжи откупот со цени кои не се економски исплатливи за земјоделците, приносите на пченицата ќе продолжат да се намалуваат и во иднина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци