„Фер туризам започнува со пријавен доход“ е насловот на кампањата која ја спроведува Управата за јавни приходи во поевеќе градови на Македонија чија цел е подигнување на даночната свест и поттикнување на доброволното пријавување на приходите посебно кај физичките лица кои остваруваат приход од изнајмување на имот за сместувачки капацитети. Крушево како наш туристички центар е еден од градовите каде се одржа ваква трибина.
„Кампањата која што ја спроведува Управата за јавни приходи низ повеќе градови низ државата е иницијатива на УЈП за подигнување на даночната свест и потткнување на доброволното пријавување на приходите, посебно кај физичките лица кои остваруваат приход од изнајмување на имот за сместувачки капацитети. УЈП со овој настан кој што денес се одржува во Крушево, укажува на тоа дека секогаш не треба да се извршува контрола на исполнувањето на законските обврски туку УЈП со овој настан е поблиску до граѓаните, ги информира, ги едуцира и им дава целосна поддршка во остварувањето на нивните права и доброволната усогласеност кон законските регулативи. Обврската за пријавување на доходот имаат сите физички лица кои издаваат под закуп и во закуп стамбени објекти, апартмани, станови, вили, куќи и други сместувачки капацитети и обврската нивна без разлика дали ги изнајмуваат на подолг или пократок период или на ден, нивната обврска е да го пријават приходот и да го оданочат.“, истакна Александар Мирчески, управник на Регионална дирекција на УЈП Прилеп.