Остави свој потпис за природата – ja пошумуваме околината на Прилеп!

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во близина на манастирот „Св. Димитриј“ во с. Селце утре ќе бидат засадени 1.000 садници багрем. Оваа акција е дел од „Екомисија – твој потпис за природата“, во организација на Мој Прилеп, а во соработка со Општина Прилеп, Извиднички одред „Феникс“ и ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

„Екипите на ЈКП „Комуналец“ веќе го изораа теренот кај манастирот „Св. Димитриј“ во с. Селце и утре доаѓаат на терен со сврдли за да ни ја олеснат работата. Твое е само да дојдеш со добра волја, мотика/дурија (доколку имаш), да засадиш дрво и да оставиш свој белег за позелен град! Нема тешко копање, има само убаво саботно утро во природа, дружба и конкретна акција.  За сите вредни раце на терен ќе има и свежа лимонада обезбедена од нашите партнери Limonada“, велат од Мој Прилеп.

 Локација: Манастир „Св. Димитриј“ – с. Селце

 Датум: Утре, сабота (14 ноември)

 Време: 08:30 часот пред Марко Цепенков (20 обезбедени места во автобус)

Одличен повод да ги собереш пријателите, семејството или да ги донесеш најмалите за заедно да научат како се сака и чува природата. Секое засадено дрво е инвестиција во поздрава иднина за сите нас! Ајде да покажеме колку го сакаме Прилеп на дело.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци