ВИДЕО- Се одржа акцијата за пошумување „Не биди трупец, засади дрвo“ кај прилепското с. Селце

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Под слоганот „Не биди трупец, засади дрвo“ – здружението на лица со дијабет од Прилеп „Сина револуција“ по четврти пат организираше акција за пошумување која се одржа во близина на манастирот Свети Димитрија кај селото Селце. Се засадија околу 500 садници дрвја од тип аморфа и бадем. Биле одбрани овие видови на дрвја затоа што според стручните мислења тие најмногу успевале на едно вакво подрачје.

„Ние не сме пред се стручни за садење туку се консултираме сио експеррти, имаме тим од „Македонски Шуми“ кои не советуваат затоа што и ова е наука која мора да се испочитува за да се биде успешно. Успешноста лани ни беше околу 80%. До мај беа 80%, а потоа се преполови тој процент. Ние и со 30% од садниците да успеат би биле задоволни. Откако ќе се засадат со Бехтел и Енка договоривме и цело лето да бидиме надзор над нив, затоа што годините кои изминаа не научија дека и летото е голем непријател за дрвата. Многу од садниците поради сушата изумираат и во лето. Ние лицата со Тип 1 дијабет многу создаваме медицински отпад и тој неконтролирано завршува на депонии или се гори и со тоа придонесуваме доста за загадување на атмосферата и оваа акција е една симболика, нешто да вратиме во природата за сето тоа што го загадуваме“, рече Менде Цветкоски, од Здружение „Сина револуција“ – Прилеп.

Aкцијата беше поддржана од општестевно одговорната компнија Бехтел и Енка, која што го гради автопатот Прилеп-Битола како и од Општина Прилеп.

„Додека работиме на изградбата автопатот Прилеп-Битола, коридорите 8 и 10Д сакаме истовремено да дадеме и позитивен придонес и кон локалните заедници кои не прифаќаат и ја поддржуваат реализацијата на нашиот проект. Токму затоа ни претставува големо задоволство, денес сме тука заедно со волонтерите и учениците да засадиме дрвја и да придонесиме кон позелен и поздрав Прилеп. Особено ме радува шпто денес гледам толку многу млади луѓе помеѓу нас, секое дрво кое ќе го засадиме денес претставува инвестиција во иднината. Во годините кои доаѓаат овие дрвја ќе растат и ќе станат дел од средината во која ќе уживате вие идните генерации на Прилеп. Ја користиме оваа можност да изразиме солидарност и поддршка кон лицата живеат со дијабетесот, како и кон нивните семејства. Додека го градиме автопатот кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола горди сме што денес заедно со Вас придонесуваме за создавање на нешто подеднакво значајно за позелена и поодржлива иднина за Прилеп целиот Пелагониски регион“, вели Еш Рао, проектен менаџер на Бехтел и Енка.

Во акцијата учествуваа и голем број на доброволци од Прилеп од сите возрасти, од ученици па се до пензионери.

„Се приклучуваме и ние од Здружението на инвалидски пензионери од Прилеп, бидејќи и тука има доста членови дијабетичари. Кога и да бидиме поканети ние учествуваме во вакви акции, мора да бидиме и да учествуваме во засадување затоа што тука е и иднината на младите“, истакна Блаже Стојкоски, пензионери од Здружението на инвалидски пензионери – Прилеп.

 

„Денес заедно со нашата директорка и моите соученици како и секоја година дојдовме да учествуваме во оваа еко акција за пошумување. Сакаме да ја направиме нашата средина подобра и почиста за живот, за нас младите и за сите останати“, вели Леонид Петрески, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Инаку кога станува збор за бројот на лица со дијабет, за жал не може точно да се утврди бидејќи државата нема регистар за овие лица, но според некои неофицијални податоци во Прилеп вкупната бројка дијабетичари е околу 5.000, од кои 500 се со Тип 1.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци