Со рано откривање и превенција до поздрава иднина – општа болница Прилеп го одбележа Светскиот ден на дијабетесот!

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

По повод одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот – 14ти Ноември, нашата здравствена установа реализираше повеќе активности со цел подигнување на свеста за дијабетесот, неговата превенција, раното откривање и навременото лекување.

Во рамките на одбележувањето беа реализирани следните активности:

  • Стручно предавање на тема „Рано дејствување кај дијабетесот“, одржано од супспец. д-р Катерина Чешлароска Маркушоска, со акцент на важноста на раното препознавање и навременото лекување на болеста.
  • Бесплатно мерење на гликемија и артериски крвен притисок во холот на нашата болница, во кое учествуваа и учениците од ДСУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, заедно со нивниот стручен наставник Ленче Јованоска. Со нивното учество беше даден значаен придонес во промовирањето на превенцијата и здравствената едукација.
  • Активности во Инсулинската аптека – депо при Здравствен дом – Уред Прилеп, насочени кон поддршка и унапредување на грижата за лицата со дијабетес.

 

 

„Со овие активности ја истакнуваме важноста на превенцијата, редовните здравствени контроли, едукацијата и заедничката грижа за здравјето. Дијабетесот бара внимание, знаење и навремено дејствување. Превенцијата и раното откривање се чекор кон подобар и поквалитетен живот! ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп останува посветена на унапредување на здравствената заштита и грижата за здравјето на граѓаните“, информираат од општа болница Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци