Алта банка во Прилеп повторно ќе работи од понеделник – до 20.000 денари на шалтер за клиентите без картичка

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Експозитурата на Алта банка АД Битола во Прилеп од понеделник, 16 ноември, повторно ќе прима клиенти. Работното време ќе биде од 12 до 16 часот, соопшти банката.

Клиентите со платежна сметка кои немаат платежна картичка ќе можат на шалтер да подигнат до 20.000 денари во период од две недели.

Од Алта банка најавија дека ќе продолжат постепено да го прошируваат пристапот до банкарските услуги и дека навреме ќе ги известат клиентите за следните промени.

Според Народната банка, продолжуваат да работат и филијалите во Струмица и Тетово, како и експозитурата во скопскиот трговски центар „Бисер“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци