Поевтинување на горивата од полноќ

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Ново поевтинување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43 проценти.

Бензините поевтинуваат за два денари по литар, па Еуросупер 95 од утре ќе се продава за 84 денари, а Еуросупер 98 за 86 денари. Дизелот поевтинува за два и пол денари и ќе чини 92 денари за литар, додека екстра лесното масло се намалува за три денари, на 100,50 денари за литар.

Причина за новото поевтинување е падот на цените на светските пазари. Во однос на претходната пресметка, референтните цени на бензините се намалиле за речиси 7,5 проценти, а на дизелот за нешто повеќе од 4 проценти.

Во пресметката се задржани и владините мерки за намалување на акцизите за еден денар кај бензините и четири денари кај дизелот, како и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот.

Новите максимални малопродажни цени ќе важат од утре, 17 ноември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци