Наш соговорник е Владимир Ѓорѓиески, прилепчанецот кој пред само неколку денови го освои второто место на Европското првенство во билјард за лица со инвалидитет, кое што се одржа во Варшава, Полска. На првенството учествуваа најдобрите 14 играчи од цела Европа кои се натпреваруваа 9 денови во дисциплините 8-ка, 9-ка и 10-ка, а Ѓорѓиески победи во категоријата 8-ка.
Ова на Владимир не му е прво Европско првенство, претходно го имаше освоено третото место или бронзата, а редакцијата на Инфо Компас му посакува идната година да го пречекаме дома со освоено злато со што ќе ги има сите три награди од Европското првенство.
Со Ѓорѓиески поразговаравме и за тоа како започнал со билјардот, за сите негови успеси, за школата која со голема љубов ја води за сите млади од Прилеп кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, како се подготвува за Светското првенство кое во 2027 година го очекува во Јужна Африка, но и за тоа дека за жал државата воопшто не го поддржува овој како и другите помали индивидуални спортови, а кои носат далеку поголеми успеси и медали за разлика од екипните или помасовни спортови.
Целиот разговор погледнете го во видеото.
