Заев: Сакаме решение за името, но не по секоја цена

Facebook
Twitter
Email
Print

Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евенуални уставни измени.

 

„Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира  членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраните иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа. Вчера реков став на Владата, односно за Владата прифатливо е име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија, на чекорите што ги правиме, на она што значи можности и до каде може да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме на ставот дека достоинството и  идентитетот се важни работи. Јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање во интерес на иднината на перспективите за НАТО и ЕУ интеграцијата  да изнајде решение, рече Заев.

 

Тој изрази увереност дека тоа може да го направат институциите на државата, политичките субјекти – власта и опозиција заедно. Според него постојат радикални структури и во двете земји, но оти треба да направиме се да се изнајде решение за да градиме во иднината и билетерално и регионално пријателство со сите.

 

„Верувајте дека апсолутно знаеме што е тоа што е возможно, што е тоа што е дозволиво и до каде треба да одиме. Ќе направиме се да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена“, порача премиерот Заев.

 

Во однос на тоа што беше соопштено од министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас, дека подготвува драфт верзија на меѓународен договор, Заев рече дека Македонија е подготвена да искористим се што постои како можност за решение, бидејќи спорот треба да заврши со постигнување меѓународен договор.

 

Најави дека процесот на преговори продолжува следната недела со средба на медијаторот Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите не двете земји.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи