Колоски: Новите отстапки кон Грција се шамар за сите Македонци, доста попуштаме

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонците направиле многубројни отстапки за да ја задоволат Грција и грчкиот народ, вели Мето Колоски, претседателот на Обединетата македонска дијаспора во свое видео обраќање на Фејсбук по последните одлуки на македонската Влада за преименување на автопатот и аеродромот.

 

„Првата отстапка беше направена кога Македонија беше примена во Обединетите нации под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ која трае веќе 25 години. Втората отстапка беше кога седна на иста маса со Грција за да го „реши“ грчкиот проблем со името на нашата држава, по што и заедно беше потпишана Привремената спогодба, која грчкиот парламент никогаш не ја ратификуваше. Третата отстапка е кога државата го дополни Уставот со два амандмани, дека Македонија нема територијални претензии кон никој од нејзините соседи, вклучувајќи ја и Грција и дека државата нема да се бори за човековите права на нејзиниот народ во соседните држави, вклучувајќи ја и Грција“, рече претседателот на ОМД, Колоски.

 

Македонија го смени и своето знаме под притисок на Грција, додава Колоски.

 

„Новите отстапки се шамар за Македонците кои се бореа и загинаа за слободна, суверена и независна Македонија. Кое пријателство и кои отстапки ѝ ги понуди Грција на Македонија? Дали ќе го преименува нејзиниот втор по големина аеродром од „Македонија“ во нешто друго? Дали ќе ѝ дозволи на Македонија да се зачлени во НАТО и ЕУ? Грција не направи ниту една отстапка кон Македонија и македонскиот народ… Ние сме Македонија и сме дел од меѓународната заедница. НАТО, ЕУ и Грција мора да го прифатат тоа. Нема да го промениме нашето име, нема да го промениме нашиот идентитет и нашиот јазик само за да ја задоволиме Грција или грчкиот народ. Тие мора да го прифатат тој факт, ако сакаат да бидат пријатели со Македонија и македонскиот народ“, рече Колоски и ги повика сите Македонци да се приклучат на глобалното движење We Are Macedonia, да присуствуваат на многуте протести кои се одржуваат во различни страни на светот: Австралија, Канада, САД, Европа и Македонија и да ја потпишат петицијата #WeAreMacedonia.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи