Градоначалникот Илија Јованоски денеска бил домаќин на средбата на градоначалниците од Пелагонискиот плански регион, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен со потенцијален германски инвеститор.
Од Општина Прилеп велат дека германскиот инвеститор „Aetna“ покажал интерес за вложување во земјоделството, поточно за откуп на земјоделски производи и нивна преработка.
„Обврска на општините од овој плански регион е да презентираат детално слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук, што може да биде произведено на овој простор. А, според најавите во бизнис планот на инвеститорот е во Прилеп, да отвори преработувачки капацитет, да врши откуп на овие земјоделски производи, коишто потоа би биле пласирани на рускиот пазар“, се вели во краткото соопштение кое Општина Прилеп го испрати до медиумите.
Инаку медиумите не беа повикани на оваа средба која денеска се одржала во Општина Прилеп.